Институтот за сценски уметности при Универзитет Еуропа Прима претставува
научно-културна платформа посветена на промоцијата, истражувањето и афирмацијата на сценските уметности. Институтот делува како простор за размена на идеи, уметнички практики и научни согледувања, поврзувајќи уметници, истражувачи, културни работници и институции.
Преку организација на конференции, симпозиуми, јавни трибини, културни
манифестации и доделување награди и признанија, институтот придонесува кон развојот на културниот дијалог и современите сценски практики на национално и меѓународно ниво.
МИСИЈА
Мисијата на Институтот за сценски уметности е да придонесе кон развојот и
афирмацијата на сценските уметности преку организирање научни и културни настани, поттикнување на професионален дијалог и создавање платформа за соработка меѓу уметниците, научниците и културните институции.
ВИЗИЈА
Визијата на институтот е да се развие во препознатлив регионален центар за
културна и научна размена во областа на сценските уметности, кој активно ќе
придонесува за промоција на уметничкото творештво, критичката мисла и современите сценски практики.
ЦЕЛИ
– организирање конференции, симпозиуми и научни собири иницирање културни и уметнички настани
– доделување награди и признанија за достигнувања во сценските уметности
– промоција на современи сценски практики и уметничко творештво
– поттикнување културен дијалог и интердисциплинарна соработка
– развој на меѓународна културна и институционална соработка
ВРЕДНОСТИ
– креативност и уметничка слобода
– отвореност и културен дијалог
– професионализам и интегритет
– почитување на културното наследство
– соработка и интердисциплинарност
– поддршка на уметничката извонредност